(ФОТО) Револуционерен потег на Леброн: Со различни патики како порака за Трамп

477

Леброн Џејмс ја потврди одличната форма во дресот на Кливленд Кавалирс водејќи го својот тим до победа кај Вашингтон со 106:99.

Самиот тој постигна трипл-дабл, но тоа остана во сенка на патиките кои ги носеше, односно пораката која се наоѓаше на нив. Познато е дека Леброн постојано зборува за меѓурасните тензии во американското општество и често заговата еднаквост меѓу сите раси, етникуми и вери.

Како продолжение на својата кампања, тој на мечот во Вашингтон излезе со патики во црна и бела боја симболизирајќи ја различната боја на кожата.