ФОТО: Првиот настап на ЗОИ за заборав – Јада заврши последен

1106

Денес македонските спортиси на ЗОИ во Пјонгчанг го имаа првиот настап откако Ставре Јада во спринтот долг 1,4 километри  го освои убедливо последното, 80. место.

Јада постигна време од 4:23.85 минути со заостанување  зад побеникот од 1:15.31 минута.

Следниот настап на Јада каде што ќе може да го поправи впечатокот е трката на 15 километри која на програмата е в петок.