ФОТО: Поради транспарентот кој го „распнаа“ на мечот со Вардар во ЛЕ, сега добија казна!

1079

Транспарентот со поддршка за нашите северни соседи, односно со поддршка за Ратко Младиќ, беше кобен за Зенит, кој доби казна од УЕФА.

Ден по комплетирањето на групната фаза од ЛШ, УЕФА реши да им додели казна на Русите поради истакнатиот транспарент во чест на нивните „браќа“.

На мечот против Вардар од Лига Европа, кога „црвено-црните“ гостуваа во Санкт Петерсбург, беше истакнат транспарент „Ратко Младиќ српски херој“ па се подигна многу прашина и беше јасно дека ќе следува казна.

УЕФА е обвинет за „расистично однесување“ и дека ќе мора да платат казна од 10.000 евра, освен тоа, УЕФА ќе им затвори дел од стадионот за следниот европски натпревар.