ФОТО: Несудениот Ф1 шампион во тотален шок – нова трагедија го потресе семејството Маса

1111

Иако не загуби близок член од семејството, Фелипе Маса сепак во сообраќајна несреќа загуби еден од најдобрите пријатели.

Бразилецот минатиот викенд дознал за смртта на еден од своите најдобри пријатели.

Маса додека своевремено се натпреваруваше во ЕУРО Формула 3000, беше нераздвоен со Лука Вацис, а нивното пријателство траеше и кога Маса беше дел од Формула 1.

Меѓутоа суровата судбина прерано му го скрати животот на 38 годишниот возач кој го загуби животот во несреќа близу Бергамо Италија.

Фелипе маса е скршен од болка, па на социјалната мрежа Твитер објави фотографија со пријателот од времето кога возеше за Ферари.

Лука, ќе ми недостасуваш, брате мој. Беше неверојатна личност, господ да и даде сила на твојата мајка, твоите деца, братот сестрата и целата фамилија. Чао Лука, мој најдобар колега и пријател“, напиша Маса на објавената фотографија.

Имено и Фелипе Маса имаше еден страшен инцидент во Формула 1 пред повеќе сезони, каде едвај го спасија неговото око, од залутан шраф од болидот на Рубенс Баричело, кој со брзината и волуменот ја проби неговата заштитна кацига и за малку ќе беше кобно по неговиот вид.