(ФОТО) Македонија и Словенија: Ривали на теренот со иста цел – Организација на ЕП 2022!

496

Sportclub.mk директно од Загреб

Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Хрватска, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Словенија.

Но, двете земји кои ќе бидат ривали на теренот во загрепска „Арена“ вечерва од 19:30 часот, имаат и заедничка цел, заедно со Црна Гора, а тоа е организација на Европското првенство за дами во 2022. година.

Токму затоа, официјалните лица на ракометните федерации ја искористија приликата во пресрет на натпреварот во фан зоните во Загреб да ја промовираат кандидатурата за Европското првенство, а Македонија доби и „засилување“ во видот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Според првичните најави, Скопје, Љубљана и Подгорица имаат сериозни шанси да го организираат ЕП во 2022. година.