(ФОТО) Загреб и Хрватска маѓепсани од атрактивните Македонки во „Арена“

2016

Македонската навивачка „Фаланга“ како верна сенка ги следи македонските репрезентации, пред се онаа ракометната и секаде е хит каде и да се појави.

Така беше и на отворањето на Европското првенство во Хрватска, каде во загрепска „Арена“, македонските навивачи направија пеколна атмосфера и ги водеа избраниците на Раул Гонзалез до голема и важна победа против Словенија.

Но, Хрватите останаа маѓепсани и од понежниот пол кој се најде на трибините да и даде поддршка на Македонија и тоа воопшто не го кријат.

„Македонките во загрепска Арена своите играчи ги носеа до победа против Словенија, а со својот изглед ги мамеа воздишките на машкиот дел“, пишува „Вечерњи Лист“.