ФОТО: Емотивно во Атина: ПАО се прости од претседателот, па го победија Олимпијакос!

954

Панатинаикос вчера дојде до брејк во натпреварот против вечниот ривал Олимпијакос, добивајки го натпреварот за 73:58, победија на домашен терен и поведоа во финалната серија со 2:1, со што стекнаа „меч топка“ за освојување на првенството.

Ова беше прилично емотивен натпревар за ПАО, пред се поради смртта на нивниот поранешен претседател, Павлос Јанакопулис, човекот со кој „зелените“ од Атина беа во една прилично успешна ера.

Под раководство на Јанакопулос, ПАО освои дури 6 титули во Евролигата.

Пред вчерашниот натпревар, сите актуелни кошаркари на ПАО се поклонија пред големата фотографија на нивниот вечен претседател, тоа изгледаше прилично емотивно.