(ФОТО) Гадната повреда на Чанг: Како изгледаше неговото стапало по мечот против Федерер

1548

Корејскиот тенисер Хјон Чанг вчера го предаде полуфиналниот меч на Австралијан Опен против Роџер Федерер.

Чанг имаше големи проблеми со плускавците на стапалот и кон крајот на вториот сет повеќе не можеше да ги трпи болките, по што одлучи да го предаде мечот.

Нему тоа му падна мошне тешко со оглед на фактот дека голема желба му беше да игра против Федерар на „Род Лавер“ арената, а по мечот корејскиот тенисер објави фотографија на Инстаграм со цел да покаже во каква состојба му беше стапалото.