(ФОТО/ВИДЕО) Бурна ноќ во Филаделфија: Стотици илјади навивачи ја слават историската титула на Иглси

668

Филаделфија повеќе не е еден од најнесреќните спортски градови во САД. По годините разочарувања и големите малери кои ги имаа екипите од овој град, Филаделфија Иглс синоќа во драматичниот 52. Супербоул ги победија фаворизираните Њу Ингланд Пејтриотс со 41:33 и ја освоија првата Супербоул титула во историјата на клубот.

Откако Роб Гронковски не го фати последното додавање на Том Брејди, Иглси започнаа со големото славје на „УС Банк“ стадионот во Минеаполис, но бурно почна да се славеше на улиците на Филаделфија.

Во помалку од еден час стотици илјади луѓе излегоа на градските улици и, на моменти и претерано, ја славеа големата победа на својата екипа. Навивачите на Иглси, кои важат за најжешките во САД, превртеа и неколку возила, се качуваа по бандерите, а бурно беше и во сите барови во градот каде се следеше натпреварот.

Тоа е прва титула во некој професионален американски спорт за Филаделфија уште од 2008. година кога Филис ги освоија Ворлд Сириес, финалето од бејзбол лигата (МЛБ). Пред тоа во дамнешната 1983. година Сиксерси ја освоија НБА лигата, а за Иглси ова е првата титула откако се игра Супербоул.