(ФОТО) Фудбалерот на Вардар се уште е „дете“: Играше во копачки со Мини и Мики Маус!

1396

Вардар синоќа со ремито на домашен терен против Розенборг (1:1) во последното коло од Лигата на Европа, стави крај на историската сезона во која за првпат се избори за пласман во групната фаза од едно европско натпреварување.

Иако европската есен нема да се памети по добро, бидејќи Вардар заврши како најлоша екипа во ЛЕ, а покрај тоа стадионот ниту еднаш не беше исполнет до последното место.

Но, како и да е, последниот натпревар на Вардар кој воедно беше и последен на домашен терен, ќе се памети по неколку интересни работи. Прво Вардар го избори првиот бод во Европа. Второ, кучето „натрапник“ кое се појави на теренот го прослави Вардар низ европските и светските медиуми, а третата работа која привлече внимание се копачките на ерменскиот интернационалец од Вардар, Тигран Барсегјан.

Имено, напаѓачот на македонскиот шампион го привлече вниманието со дизајнот на неговите обувки и откри дека Ерменецот е голем обожавател на „Дизни“, односно на најпознатиот анимиран лик во светот – Мики Маус, кој се најде на неговите копачки на мечот со Розенборг.

Копачките за Барсегјан се специјално дизајнирани од страна на македонската компанија „S.ignature“, која и претходно специјално дизајнирала обувки за спортистите во Македонија.