ФОТО: Бадијла се – Словенците здраво го истепаа Стоилов, но Столе издржа машки

5595

sportclub.mk, директно од Загреб

Како и што беше најавено, вчера во Арена Загреб, Словенија и Македонија водеа вистинска војна за победата. Се играше крајно жестоко и драматично до последен миг, но за среќа Македонија славеше со (25-24).

Словенците беа крајно груби, буквално претепувајќи ги нашите ракометари, нешто што впрочем се гледа и постатистиката која вели дека избраниците на Весели Вујовиќ дури 11 пати добиле исклучување од по две минут, што во превод би значело од 60 минути, тие дури 22 играа со играч помалку.

Еден од они кој најмног ќутек изеде е нашиот пивотмен Стојанче Стоилов кој буквално се тепаше како во напад, така и во одбрана.

Стоилов згора на се постигна и два гола од три обида, а заработи и едно исклучување од две минути.