(ФОТО) СКАНДАЛ: Грчки репрезентативец со националистички навреди за Македонија

909

Стефанос Атанасиадис, грчкиот фудбалски репрезентативец кој моментално настапува во Израел за Макаби Хаифа на социјалните мрежи излезе со провокација и навреда за Македонија.

Атанасиадис кој е поранешен играч на ПАОК, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави стихови од песна, а под нив напиша „Македонија е грчка“.

УЕФА веќе години наназад се бори против ширење на на национализам и расизам за што има низа акции, но очигледно кај нашите јужни соседи тоа се уште не важи.