(Фото/Видео) И ЕХФ му се поклони на Вардар: Златото е „Црвено-црно“

4825

Вардар го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот машки ракомет, но и било кој колективен спорт, освојувајќи ја ракометна Европа со триумфот на фајнал-форот од Лигата на шампионите.

Вардарци се искачија на тронот на Европа, иако важеа за аутсајдери во Келн. На крајот, во Скопје беа пречекани како херои и над 100.000 гаѓани го поздравија успехот на Дибиров, Штербик, Марсениќ, Стоилов, Абутовиќ…

Сето ова не изостана да го проследи и ЕХФ преку својот официјален веб сајт, истакнувајќи дека „Златото е црвено-црно“, како и тоа дека „ниту работниот ден не ги спречи навивачите да го поздрават европскиот првак и да го пречекаат на аеродромот и да го испратат се до градскиот плоштад“.

Македонија чекаше на ваков момент цели 15 години, уште од Кометал Ѓорче Петров кој ја освои Лигата на шампионите во 2002, а како што вели ЕХФ „лудата атмосфера започна на аеродромот од каде специјално дизајниран автобус ги поведе играчите кон центарот на градот, со над 150.000 навивачи кои го поздравуваа новиот европски шампион“.

На крајот, ЕХФ го напомена она што е очигледно – Тешко дека некоја друга шампионска прослава ќе ја надмине оваа во Скопје!