ФК Струга поканета да биде дел од фудбалски куп-турнир во Албанија

521

Второлигашката фудбалска истоимена екипа од Струга, деновиве ќе учествува на сеалбански турнир во Албанија.

Турнирот ќе биде во организација на тамошната фудбалска репрезентација, и ќе се игра утре, на 28 ноември на стадионот „Скендербег“ во Корча.

Освен ФК Струга, на турнирот уште ќе учествува Тирана, Лириа Призрен и црногорскиот клуб Отрант од Улцињ.