ФИФА ја одби тужбата на Нејмар, па сега Барса жестоко ќе му го возврати ударот

1011

Бразилскиот фудбалер Нејмар минатото лето одлучи да ја напушти Барселона и за неверојатни 222 милиони евра прејде во ПСЖ. Меѓутоа, сагата околу Бразилецот и Барселона се уште трае откако Нејмар го тужеше каталонскиот клуб.

Имено, пред неколку недели Нејмар потврди дека ја известил ФИФА за тужбата против Барселона и дека бара од Каталонците дополнителни 40 милиони откако не му го исплатиле бонусот од 26 милиони за „лојалност“.

На Нејмар, неколку дена пред заминувањето во ПСЖ, на сила му стапи новиот договор со Барселона во кој имаше клаузула дека ќе добие 26 милиони евра за лојалност, но веднаш по неколку дена замина во ПСЖ. Токму тоа е главната причина поради која тој молчеше цело време околу евентуалниот трансфер во Париз додека се уште беше играч на Барселона.

Барселона по ова, сфати дека е изиграна и одби да му ја исплати наведената сума бидејќи му порачале на Нејмар дека не го испочитувал договорот. Неговиот татко не се помири со тоа и одлучи да ја тужи Барса и да бара 40 милиони евра.

Меѓутоа, ФИФА денеска објави дека оваа тужба е отфрлена и дека Барса не е должна да му ја плати на Нејмар наведената клаузула. Покрај тоа, во каталонскиот клуб одлучиле да му вратат жестоко на Бразилецот, па најавија тужба и си побараа назад 75 милиони евра бидејќи Нејмар го прекршил договорот додека бил играч на Барселона.