Филип Талески открива како „командантот“ Раул со своите совети донесе победа против Словенија

3962

Натпреварот против Словенија беше тежок за играње, но огромно искуство за младите ракометари кои го носат дресот на Македонија.

Филип Талески е еден од оние кои ќе треба да го преземат товарот на своите плеќи во иднина, а синоќа против Словенија игра мошне пожртвувано, пред се во одбраната.

Мислам дека лошиот почеток на мечот беше една причина за нашата добра игра во понатамошниот дел од натпреварот. Првото полувреме го отворивме многу лошо, а тие имаа голема поддршка од нивниот голман кој одбрани доста зицери. Но, се консолидиравме на полувреме, се договоривме како да одиграме во вториот дел и таа задача што ни ја даде селекторот ја спроведовме на терен и мислам дека заслужено славевме на натпреварот. Мислам дека мојот гол беше еден од пресвртните моменти на мечот“ вели Талески.

Младиот македонски ракометар ги откри инструкциите кои ги добија на полувремето од селекторот Раул Гонзалез.

„Тој ни кажа да продолжиме во ист ритам во одбрана бидејќи таа добро функионираше, но во нападот моравме да играме малку подобро и да бидеме посигурни. Тоа го спроведовме, но не во целост бидејќи нивните голмани имаа доста интервенции, но од друга страна и нашите голмани фатија неколку клучни топки и тука беше пресвртот”, заклучи Талески.