Ферари го разлути Волф кој со погрдни зборови ги опиша перформансите на Мерцедес

1401

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, веројатно е бесен по последниот триумф на Ферари вчера во Канада.

Така барем изгледа според неговата изјава по трката, дека резултатите на Мерцедес вчера биле катастрофа и срање.

Валтери Ботас заврши како второпласиран, додека Хамилтон на 5. позиција, го загуби првото место на генералната табела.

Овој резултат за нас е срање, извинете, но морав ова да го кажам. На оваа патека секогаш бевме силни, но овој викенд правевме грешки од самиот почеток. Имам чувство дека мора да се разбудиме, заостануваме во секој аспект. На оваа патека требаше да оствариме максимален број бодови. Не требаше да дојде до тоа да си ја ограничиме штетата“, истакна Волф.

Мерцедес во Канада овој викенд неможеше да го користи новиот мотор, бидејки дојде до одложување од причина што тој не бил доволно доверлив се уште.