Фенер падна во Истанбул од Реал – раката на Дончиќ повторно клучна во финишот

533

Реал Мадрид вечерва оствари значајна победа на тешкото гостување кај актуелниот шампион во Евролигата, составот на Фенербахче со 77:79.

Жалгирис на домашен терен го доби Олимпијакос со 74:68, додека во тек се натпреварите Макаби – Уникаха и Валенсија – Панатинаикос.

За „кралевите“ вечерва пресуден беше финишот, до последните неколку секунди на теренот беше буквално егал ситуација во секое поле, па на крајот пресудни беа слободните фрлања, кои Лука Дончиќ повторно ги реши и не му затрепери раката.

Тој во финишот на средбата се избор за три слободни фрлања, и сите три ги реализираше, по што му донесе победа на неговиот состав.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 20 поени и 10 асистенции, кај Фенер најдобар беше Ванамејкер со 20 поени.