Вицешампионот од Евролигата и тим во кој настапува Перо Антиќ, Фенербахче, вечерва во доста неизвесен и драма натпревар против Армани Милано, оствари нова победа во Евролигата.
Потешко од очекувањата тимот на Жељко Обрадовиќ дојде до победа вечерва, Фенер славеше со 86:79, и доколку не беше тројката на Нунели, ќе имавме неизвесен финиш на оваа средба.
Ова е 10-та победа за Фенербахче, додека за Армани Милано ова е 9 пораз сезонава. Што се однесува до македонскиот интернационалец, тој одигра нешто повеќе од 2 минути, во кои не успеа да постигне поени за својата екипа.
Предводник на Фенербахче вечерва против Италијаните беше Нунели со 19 поени.