Федерер има отворен пат до првото место: Вавринка посрамен од 257. светски тенисер

341

Најдобриот тенисер во историјата Роџер Федерер има отворен пат до првото место на АТП листата откако најсериозниот можен ривал на турнирот во Ротердам, Стен Вавринка доживеа срамен пораз во првото коло.

Вавринка е елиминиран од 257. светски рекет Талон Грикспор со 1-2 (6-4, 3-6, 2-6) и го заврши настапот на турнирот. Домашниот играч го оствари најголемиот успех во својата кариера и во второто коло ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Робин Хасе и Тимо де Бакер.

Што се однесува до Федерер, тој својот пат го почнува вечерва против квалификантот Бемелманс. Ако го победи ќе игра со Колшрајбер, а му треба и победа во четвртфиналето за да стигне до првото место на АТП листата.