„Фалангата“ моќно: Од сите страни на Европа допатуваа нашинците да ја носат Македонија до победа

1100

sportclub.mk, директно од Загреб

Во текот на изминатот ден во хрватската престолнина Загреб можеше буквално на секој чекор во центарот на градот и во близина на Арена да се забележат македонски навивачи.

„Фалангата“ уште еднаш се покажа како еден од факторите за победа, нешто што веднаш по мечот Лазаров и јавно го кажа и се заблагодари.

Во Загреб имаше наши навивачи буквално од секој крај. Можеа да се забележат автомобили и автобуси од Струмица, Кавадарци, Штип, Кочани, Куманово, Крива Паланка, Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Ресен и многу други.

Но нашиот „коп“ на трибината во Арена беше збогатен и со многу наши иселеници кои живеат низ Европа.

Од она што можевме да видиме и поразговараме, имаше Македонци кои живеат и работат во Германија, Австрија, Словенија, Италија, Холандија, Шведска, Белгија и други европски држави.