Уште една награда за Штербик: Најдобар во Европа според ЕХФ

241

Голманот на Вардар доби уште едно престижно признание, откако денеска беше прогласен за најдобар играч за месец ноември од страна на ЕХФ.

Откако вчера беше прогласен за најдобар светски играч за изминатата година според „Хендбол Планет“, Штербик добива ново престижно признание, откако ЕХФ го избра за најдобар играч во Европа за изминатиот месец, на тој начин „одбранувајќи“ ја наградата која ја доби и во октомври.

Шпанскиот голман е еден од најзаслужните што Вардар имаше импресивна серија без ниту еден пораз сезонава во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

Да бидам искрен не очекував да бидам избран за ЕХФ играч на месецот во октомври и сега уште повеќе сум изненаден. Во номеври имавме тешки мечеви и не го очекував ова признание, но ние одигравме перфектно. Ова е последна сезона за мене во Вардар, но и покрај се јас ќе го дадам максимумот на секој меч до крајот на сезоната“, изјави Штербик.