Уште еден срам: МЗТ Скопје замрзна во Бар

461

МЗТ Скопје со само три победи го заврши годинашниот настап во АБА лигата. За крај, доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Морнар со 75:106.

Домаќините доминираа во текот на сите 40 минути, во осмата поведоа со 21:6, а нешто подоцна со 29:13. По само 12 минути игра на семафорот стоеше 33:13, па од тој момент до крајот Морнар играше со комбинирани петорки и пак го зголемуваше водството.

Единствениот период кога МЗТ Скопје личеше на тим беше крајот на првото полувреме кога намали на само девет разлика (41:50). По враќањето Морнар уфрли во повисока брзина и во 38. минута дојде до највисоките +35 (103:68).

Павиќ со 25 поени беше најефикасен во домашниот тим, а Рејли Рос додаде 15. Кај МЗТ Скопје, каде недостасуваше Бојан Трајковски, Симоновски и Лалиќ постигнаа 49 од вкупно 75 поени. Симоновски дојде до 27, а Лалиќ до 22.