Ужас: Почина поранешен играч на Манчестер Јунајтед

3501

По неколкумесечна жестока борба со канцерот, доцна синоќа почина поранешниот ирски репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Лиам Милер.

Замина од овој свет на четири дена пред својот 37. роденден, а остави сопруга и три деца. Почна во тимот на Селтик каде играше до 2004 година, потоа се пресели во Јунајтед, но немаше забележителна улога во тимот, а откако замина од Олд Трафорд играше уште за Лидс, Сандерленд, КПР и други.

На Милер во ноември му беше дијагностициран рак на панкреасот по што замина на лекување во САД, а потоа се врати во родниот Корк на хемотерапија.