Ужасни „топчии“: Најслаб Арсенал во последните 93 години!

19

Од сезона во сезона Арсенал паѓа во своите резултати, испадна од Лигата на шампионите, а ако не ја освои титулата во Лигата Европа и идната натпреварувачка кампања, елитата ќе ја гледа од дома.

Капак на се беше поразот од Њукасл. Тоа беше петти пораз по ред на гостински терен што не му случило на тимот од 1984 година. Но, тоа не е се. Арсенал ги загуби првите пет натпревари надвор од дома во 2018 година што не му се случило од 1925 година.

Јасно е дека сите сили се насочени кон двомечот со Атлетико Мадрид, но навивачите се лути поради ова што се случува.