Требаше да биде обична шега, а паднаа тешки зборови: Карагер го „заледи“ Невил

1050

Интересна конверзација се случи на друштвената мрежа Твитер, откако Џејми Карагер, легендата на Ливерпул, се фотографираше со новото и најскапо засилување на „црвените“ и глобално во светот, Виргил Ван Дајк, па на тоа му се уфрли пријателот од Јунајтед, екс играчот Фил Невил со интересен коментар.

Фил Невил го праша Карагер дали постојано се наоѓа на тренинг центарот во Ливерпул, на што Карагер имаше интересна забелешка.

Фил, мене ме чекаат таму со отворени раце секогаш, за разлика од тебе по она што го направивте ти и Дејвид Мојс“, напиша Карагер, алудирајки на ерата во која Фил Невил и Дејвид Мојс беа главни во стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.

Сигурно дека ова меѓу нив нема да предизвика голема бура, бидејки се стари пријатели, но сигурно дека тоа ќе биде интересно за фановите на двата клуба, кои преку своите екс фудбалери ќе се препукуваат.