Трансфер домино: Баерн купува во Барса и ќе отвори врата за трансфер на Пјаниќ на Камп Ноу

38

Доаѓањето на Нико Ковач на тренерската клупа на Баерн ќе предизвика промени во тимот кои може да бидат драстични.

Германските медиуми објавија дека хрватскиот стручњак веќе знае кој ќе биде првиот фудбалер што ќе дојде на Алијанц арената. Тоа е неговиот сонародник Иван Ракитиќ кој четири години помина во Барселона. Играчот од средниот ред одлично го познава германскиот јазик, играше и во Шалке и нема да има проблеми со адаптацијата.

Неговото место во Барса ќе го пополни Миралем Пјаниќ од Јувентус. Босанскиот интернационалец е еден од најдобрите играчи на торинскиот клуб, но за него веќе се заинтересирани многу клубови.