Тотенхем во проблеми – го губи Кејн на подолг период?

609

Тотенхем може во самиот финиш од сезоната да влезе без најдобриот играч во своите редови, Хари Кејн, кој се повреди на мечот против Стоук претходното коло.

Кејн беше приморан да биде заменет, а сега доаѓаат првите информации за неговата физичка подготвеност и повреда.

Како што вечерва најавуваат британските медиуми, Хари Кејн за Тотенхем нема да биде достапен се до први април, за мечот против Челси, бидејки потребни му се 4 недели одмор.

Проблемот со Кејн е што го мачи зглобот, повреда која и претходно ја имаше по што пропушташе по некој натпревар, но сигурно дека би било кобно по Тотенхем доколку го загубат првиот борец.