Тотално лудило: Цела Кина работи за Лионел Меси!

2139

Кинескиот клуб Хебеи со помош на владата на оваа земја со сите сили се обидува да го донесе во своите редови најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси.

Информацијата ја пренесе каталонскиот весник Ел Мундо Депортиво кој тврди дека трансферите на Лавеци и Маскерано во овој клуб се остварени само за тие да го убедат Меси да ја прифати понудата. Хебеи е подготвен да ја плати откупната клаузула од 700 милиони евра што е апсолутно лудило и врв на сите глупости во фудбалот.

Според проценките, евентуалната преселба на Меси во Кина ќе има огромен економски импакт во земјата. Претседателот на Кина, Кси Џинпинг има цел со 2025 година над 50 милиони Кинези да играат фудбал, а оваа држава да стане една од најмоќните светски сили во овој спорт.

Целата работа треба да кулминира во 2030 или 2034 година кога Кина ќе се кандидира за организација на Светско првенство.