„Топчии“ ако Санчез веќе патува кон црвениот дел од Манчестер, се уште Ван Перси ќе ви биде предавник?!

1939

Навивачите на Арсенал се соочуваат со уште едно ново, модерно предавство во нивната екипа, со тоа што Алексис Санчез денеска не е дел од гостувањето кај Борнмаут, затоа што наводно е веќе на пат за Манчестер.

До пред некој ден се шпекулираше и нагаѓаше во кој дел од Манчестер ќе заврши Санчез, повеќето веруваа дека ќе биде играч на Сити, но денеска вестите кои доаѓаат од островот го говорат спротивното.

Санчез веќе бил на пат кон Манчестер, каде треба да ги финализира и испегла последните детали од договорот со кој тој ќе заработува 340.000 фунти неделно, или во превод ќе биде најплатениот играч во првенството на Англија.

Сето тоа ќе предизвика сигурно бес кај „топчиите“ кои се уште го симпатизираат Алексис Санчез, па податокот дека тој веќе утре може да биде нов играч на „црвените ѓаволи“ или на Сити, ќе биде рак-рака за нив.

Сето ова малку потсетува и на ситуацијата со Ван Перси, кога Фергусон во својата последна тренерска кариера реши да го купи Робин од Арсенал за 30 милиони евра и со него подоцна да освои титула со која и ќе се прости од овој занает.