Тениската јавност шокирана: Организаторите на Австралија Опен му помогнале на Федерер?

3490

Во Мелбурн на почетокот од мечот помеѓу Марин Чилиќ и Роџер Федерер беше 38 степени Целзиусови, па организаторите на Австралија Опен одлучија финалето да се игра под затворен кров на „Род Лавер“ арената.

Федерер славеше по трилерот во пет сета и го освои својот 20. Гренд слем трофеј, но околу некои работи се подигна и малку прашина.

Тука немаше ни капка дожд, стадионот практично се претвори во сала, а тениските легенди и аналитичари сметаат дека тоа му одговара на Федерер бидејќи тој обожава да игра во затворено.

Тениската јавност се прашува дали организаторите со тоа намерно му помогнале на Швајцарецот. Инаку, Федерер за финалето се подготвуваше во услови за сала, додека Чилиќ се загреваше на отворено.

Во првата недела од турнирот се играше на високи температури, а кровот сеедно не се затвораше.

„Еден се загреваше под затворен кров, а другиот на отворено. Финалето се игра под затворен кров… Тоа е погрешно, ова не е турнир во сала“, изјави славниот британски тенисер Грег Руседски.

Јасно е дека со ваквиот потег се фаворизира едната страна, не само поради тоа што му се погодуваат условите на еден играч, туку и поради фактот што на жештината на која тренираше Чилиќ дополнително го исцрпи.

Австралискиот легендарен тенисер Пет Кеш има исто мислење како и Руседски.

Федерер мора да ги триел рацете кога слушнал за оваа информација. Зарем Австралија Опен стана турнир во сала?“, се прашува Австралиецот.