Тајната на успехот на Манчестер Сити: Играј слободно како Меси

586

Манчестер Сити игра неверојатна сезона, а за тоа огромна заслуга има Пеп Гвардиола кој успеа во целост да ги прероди своите играчи.

Германскиот репрезентативец Лерој Сане го откри необичниот совет кој го добил од шпанскиот стручњак, што го направил подобар играч.

Сане во редовите на Сити пристигна во летото 2016. година, а оваа сезона тој, како и целата екипа, игра навистина одлично.

„Пеп само ми кажа: „Играј слободно како Меси, забавувај се на теренот““, открива Сане.

„Од првиот ден ме направи подобар играч. Влијаеше на мојата комплетна игра, на моето движење со или без топката. Неверојатно е колку тој може да ви помогне да станете подобар играч“.

Оваа сезона германскиот репрезентативец одигра 29 мечеви во сите натпреварувања, постигна девет гола и запиша 12 асистенции.