Стојановски: Само со агресивност и цврста одбрана меже да ја одбраниме титулата

220

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со синоќешниот трет триумф во полуфиналната серија со Блокотехна изборија пласман во големото финале, во кое силите ќе ги одмерат со најголемиот ривал, Работнички.

Капитенот на екипа, Дамјан Стојановски, е задоволен од играта на дуелот во Гевгелија потенцирајќи дека елиминиравме незгоден противник кој и тоа како ни создаваше проблеми уште од почетокот на сезоната. Карактерот и квалитетот заедно со скокот и одбраната се покажаа како клучен фактор за решавачкиот триумф.

Бекот на „металците“ истовремено со нетрпение го очекува претстојниот дуел со центарци за победничкиот пехар.

„Секогаш е одлично чувство да се обезбеди пласман во големото финале. Добро се познаваме со Работнички, сезонава и едните и другите имаат победи во меѓусебните пресметки, поради што шансите за освојување на трофејот се можеби и изедначени. Но, наша цел е како шампиони да сториме сѐ за да ја одбраните титулата. Агресивноста и одбраната се работите во кои мора да бидеме перфектни ако сакаме да се радуваме на крајот“, вели Стојановски.

Точниот почеток на финалната серија сѐ уште не е познат, но најверојатно тоа ќе се случи в понеделник (21 мај) по што средбите би се играле на секој втор или трет ден.