„Старата дама“ изневерена: Што зборуваше Бонучи пред само шест месеци…

3176

Италијанскиот фудбал го удри земјотрес откако вчера Леонардо Бонучи го официјализираше својот трансфер и од Јувентус се пресели во Милан.

Во Италија не се ретки трансферите меѓу најголемите клубови, Ибрахимовиќ играше и во Јуве и во Интер и во Милан, Роналдо играше во Интер и Милан, Пирло и Сидорф исто така… Но, случајот со Бонучи е посебен. Тој се сметаше за столб на тимот, ги имаше услови да стане легенда, а на крајот сосема неочекувано замина во Милано. Капак на се е неговата изјава од пред половина година.

“Целото мое постоење му припаѓа на Јувентус. Тоа е прашање на срцето и кожата. Се надевам дека ќе му бидам важен на Јувентус колку што ми е тој мене”, рече Бонучи во јануари.

Дел од навивачите на Јувентус се разочарани од својот миленик. Дел се огорчени, но не му се лутат.