„Спартанците“ ги добија противниците во Европската лига

319

Македонската одбојкарска репрезентација денеска ги доби своите противници во Европската лига, каде сезонава ќе настапува како актуелен вицешампион.

Во новото издание од ова натпреварување, популарните „Спартанци“ се најдоа во група со репрезентациите на Австрија, Летонија и Косово. Со Австријците досега сме играле, но Летонија и Косово за првпат ќе бидат наши противници.

Распоредот и календарот на натпреварување треба да биде дополнително одреден од страна на Европската лига.