Со секој натпревар му скока цената на Кејн, вечерва ги помина Роналдињо, Дрогба и Диего Коста

1804

Тотенхем има вистински фудбалски ѕвер во своите редови и ако одлучи да го продаде, претстојното лето може добро да профитира.

Не само што неодамна го собори рекордот во Премиер лигата како фудбалер кој најбрзо стигнал до 100 постигнати гола, туку вечерва се истакна и во Лигата на шампионите. Сега тој е прв фудбалер во историјата кој стигнал до бројката од девет гола во елитното натпреварување во своите први девет натпревари.

Со тоа ги помина Роналдињо, Симоне Инѕаги, Дидие Дрогба и Диего Коста кои имаа по осум гола. Со 33 постигнати погодоци, Кејн е најефикасен фудбалер во Европа оваа сезона, далеку зад него се Меси, Роналдо и останатите.