Сопругата на Аршавин е дефинитивно луда: Поради бизарна причина ја исфрлиле од авион!

2844

Сопругата на некогашната ѕвезда на Арсенал и Зенит Андреј Аршавин, Алиса, се нашла во авион на познатата руска компанија „Аерофлот“, а епизодата со неа, на летот од Каират, била неверојатна и урнебесна.

Госпоѓа Алиса Аршавин не сакала да го врзе појасот пред полетувањето, па обезбедувањето морало да реагира и и се заканиле со исфрлање од авионот.

Нејзината тврдоглавост дошла до израз и по ова, се обидувала да го убеди екипажот дека таа е таен агент на задача, заборавајќи дека во денешно време не е тешко да се провери дека станува збор за сопруга на Андреј Аршавин, за кого патем постоеја шпекулации дека е руски шпион.

Таа тврдела дека е агент на ФСБ, некогашниот КГБ, а откако била „откриена“, таа е исфрлена од авионот заедно со своите деца и дадилката, поради што од сега, па натаму, се наоѓа на црната листа на „Аерофлот“.