Соколи и МЗТ Скопје со свои претставници во идеалниот тим на колото во АБА лигата

696

Актуелниот македонски шампион успеа да ја совлада убедливо екипата на Задар во рамките на 18. коло од АБА регионалната лига,а благодарение на добрата партија, Џош Скот се најде во идеалниот состав на лигата за изминатото коло.

Покрај него, со исто вакво признание се здоби и кошаркарот на Карпош Соколи, Кендрик Пери кој со постигнати 20 поени беше еден од најистакнатите поединци на мечот против Цибона.

Во идеалната петторка покрај Пери и Скот, се најдоа и кошаркарот на Цедевита, Бабиќ, како и Ентони Болден и Џонс од Морнар.