Словенците имаат голема суета: Не се Македонците толку јаки, колку што ние одигравме лошо

2167

Словенија важеше за фаворит на вчерашната пресметка во првото коло од ЕП со Македонија, но на крајот се случи тие да загубат а Македонија да биде таа која ќе направи мало изненадување.

Ја победивме третата светска репрезентација во ракомет и тоа е голема работа. Денеска е слободен ден за нашите ракометари, а веќе утре имаме пресметка со Црна Гора, која доколку ја добиеме ќе бидеме во уште по поволна позиција во следната фаза.

Голманот на Словенија не се согласува дека Македонија била перфектна, туку дека тие одиграле под нивото.

Се чувствувам понижен, не знам што да се каже. Македонија сепак не беше на највисоко ниво, тие не беа толку добри, колку што ние одигравме лошо на овој натпревар. Сега се насочуваме кон мечевите со Германија и Црна Гора“, истакна Матевш Скок.