Слобода од Тузла пред Вардар – пропадна уште еден трансфер на македонскиот првак

1088

Кога не оди, не оди, едноставо вака може да се каже за Вардар и трансферите оваа зима. Македонскиот првак очајно сака да се засили по низата заминувања, но тоа тешко му оди.

„Црвено-црните“ никако не може да договорат интернационално засилувања иако секогаш се на чекор да го сторат тоа.

Уште еден фудбалер во низа кој беше на пат кон Скопје, а сепак нема да пристигне е нигерискиот репрезентативец Уче.

Босанските медиуми велат дека Уче ќе ја засили екипата на Слобода од Тузла, а ова го потврди и првиот човек на овој клуб.

„Да, точно е дек Уче треба да дојде во Слобода и верувам дека се ќе биде завршено наскоро. Покрај него, ќе пристигне и еден фудбалер од Гана“, изјави претседателот на клубот од Тузла, Сенад Мујкановиќ.