Скандал во најава: ФФМ го смени судијата за дербито меѓу Шкендија и Вардар

755

На едвај 15 часа пред почетокот на големото дерби од Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар, ФФМ одлучи да го смени главниот судија.

Натпреварот требаше да го води Александар Ставрев, но на негово место е поставен Марјан Ецкоски од Охрид.

„Александар Ставрев кој беше делегиран за главен судија на натпреварот од 19. коло во Прва МФЛ меѓу Вардар и Шкендија од објективни причини е спречен да ја предводи судиската шесторка на утрешниот дуел во Тетово.

Судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија на местото главен судија на дерби дуелот на Градскиот стадион во Тетово го определи Марјан Ецкоски од Охрид”, пишува во соопштението на ФФМ.

Никој не кажува какви се тие објективни причини, но ваквата одлука може да биде најава за скандал и причина една од двете екипи подоцна да се жалат ако имаат замерки на судењето. Можеби ситуацијата ќе ја спаси невремето кое го зафати Тетово денеска поради што е можно дербито воопшто и да не почне.