СКАНДАЛ ВО АМФ: Ниту учествувал, ниту возел, а шампион на ЦЕЗ

4531

На повидок е голем скандал кој и тоа како се очекува да ја потресе Автомобилистичка Федерација на Македонија (АФМ). Професорот Константин Ангеловски кој е и сопственик на клубот АРТ Моторспор го откри овој случај и ја запозна јавноста.

Ангелевски кој го откри овој скандал, објасни каде всушност е она незаконското што го сторила АФМ. Во кратки црти, АФМ објави листа на фиктивни шампиони на ЦЕЗ кои ниту учествувале, ниту возеле, а камо ли да победиле, нешто од што и самите возачи се затекнети.

„Сега е јасно зошто и на денешното судско рочиште се се прави само да се одoлговлечи судскта одлука. Зошто? Едноствно гледаат да ме тргнат од спортот зато што знаат дека никогаш нема да бидам дел од валкани игри и криминал а за што зборам погледнете во официјалниве документи. АФМ пријавува натпреварувачи шампиони за да ги користат поволностите за ослободување од данок согласно законот за спонзорства, а нема оддржан шампионат годинава, па ги декларираат како шмпиони во Централно Европска Зона на ФИА. При што еден од наведените барем искрено си признава дека сега разбрал дека е Шампион на ЦЕЗ, а прироа и појаснува дека одамна не е сопственик и возач на неговиот веќе стар клуб, чија изјава ви ја споделувам најдоле. Прашањето е што се се случува во оваа федерација??? Сметам дека е примарно за органите на прогонот во РМ да се позанимаваат со сето ова. Господа, адвокати, новинари и сите останати релевантни фактори повелете“, изјави Ангеловски.

Во прилог на ова следат и докази, а за целиот случај се запознаени и надлежните, како и Агенцијата за Млади и Спорт (АМС).