СЕХА лигата го објави списокот на учесници за престојната сезона, на него ги нема Веспрем и Извиѓач, додека од друга страна повторно се враќаат српските клубови.
Поради преголемиот број на натпревари во текот на сезоната и згуснатиот календар откако од почеток го играат и унгарското првенство, Веспрем е приморан да го откаже учеството во СЕХА лигата.
Со неиграњето на Веспрем лигата ќе биде драстично ослабена, а Вардар ќе биде единствен голем фаворит за освојување на титулата.
Покрај Веспрем, на листата го нема и тимот на Извиѓач, а во игра се два српски клуба, Војводина и Динамо Панчево.
И покрај најавите за проширување на регионалната лига во некои од земјите како Турција, Романија, па дури и Шпанија, сепак следната сезона единствено Србија ќе го заземе местото на Унгарија.
Првите натпревари од седмата сезона на СЕХА лигата ќе се одиграат на 29 и 30 август.