Сериозна е работата: Играчи на Јунајтед и Атлетико можат да завршат в затвор

1156

Обвинителството во Шпанија е одлучно во својата намера до крај да ја истера работата околу наводно наместениот натпревар од 2011 година меѓу Сарагоса и Леванте.

Во центарот на вниманието се многу познати фудбалски имиња кои можат да завршат в затвор ако се докаже дека се виновни. Најпознати се фудбалерот на Атлетико Мадрид, Андер Ерера и на Атлетико, Габи Ернандес кои во тоа време беа членови на Сарагоса.

Вкупно се обвинети девет фудбалери, а Обвинителството бара затворска казна или шест месеци забрана за играње фудбал. Останатите седум се: Леонардо Понсио, Дони Доблас, Маурицио Лансаро, Пауло да Силва, Браулио Нобрега, Хорхе Лопес и Карлос Диого.