Серена го загуби првиот меч по враќањето, но таа признава: Сега имам друг приоритет во животот..

318

Некогаш првата тенисерка во светот Серена Вилијамс, со пораз се врати во тенискиот свет, откако денеска загуби од латвиската тенисерка Јелена Остапенко, седмата тенисерка на ВТА ранкингот.

Остапенко славеше во првото коло од егзибиционистичкиот турнир во Абу Даби. Оваа тенисерка во доста интересен натпревар славеше со 2:1 (6;2, 3:6, 10:5).

Гледав кон трибините и се праував дали е Олимпија (ќерката) добро. Лепо е да се вратиш во спортот каде најдобро се чувствуваш, прв пат играм во Абу Даби. Првите мечеви по враќањето се секогаш тешки, посебно по породувањето“, истакна Вилијамс.

Американката во новата тениска сезона ќе влезе како 22. тенисерка во светот. Досега во кариерата има освоено 23 Грен слем титули.