Сепак, се враќа: Ѓоковиќ објави кога повторно ќе заигра тенис

379

Некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го објави планот за учество на турнири во следниот период.

На својата официјална интернет страница тојпотврди дека повредата е минато и дека на терените се враќа за точно една недела. Србинот ќе учествува на егзибицискиот турнир во Кујонг (предградие на Мелбурн) од 10 до 12 јануари и тоа заедно со Давид Гофан, Доминик Тим, Марин Чилиќ и други.

Ако нема проблеми, следен голем турнир на кој ќе се појави е Австралија Опен кој почнува на 15 јануари.