Сензација во најава – легендарниот Едуардо се враќа во Хрватска, но не во Динамо

827

Хрватските медиуми утрово на големо пишуваат за сензационалниот трансфер во најава на поранешниот репрезентативет на „коцкестите“.

Бразилецот со хрватски пасош кој долги години го носеше дресот на Хрватска е пред враќање во својата втора татковина. Но овојпат тоа нема да биде тимот на Динамо Загреб, туку актуелниот шампион Ријека.

Договорот на 34-годишниот фудбалер со Атлетико Параненсе истече, а Едуардо веќе е во Хрватска каде што традиционални ги минува божиќните и новогодишните празници.

Надежите за овој трансфер ги подгреа и самиот фудбалер кој истакна дека бил на вечера со фудбалско друштво и дека сака да биде близу до Загреб.

Едуардо во својата кариера играше и за Арсенал, Шахтјор, Фламенго, но и  Кроација Сесвет и Интер Запрешиќ каде што се калеше како млад.