Седи си во фудбалот… Андре Виљаш Боаш тешко настрада на Релито Дакар

1064

Поранешниот менаџер на Челси, Андре Виљаш Боаш доживеа тешки повреди при еден инцидент на Релито Дакар на кое учествува првпат оваа година.

Во рамките на четвртата етапа која се возеше во Сан Хуан де Маркона, Португалецот удри во песочна дина со својата Тојота и се преврте. Притоа го повреди грбот и веднаш беше однесен в болница.

“Андре беше експресно префрлен в болница со повреди на грбот. Тоа го засени неговото одлично деби на Релито Дакар”, изјави директорот на тимот Жан Марк Фортен.

Пред несреќата, Виљаш Боаш беше на 43. позиција во генералниот пласман, но сега е принуден да го прекине својот настап. Несреќата наиде на потсмев кај љубителите на фудбалот кои не можат да разберат зашто Португалецот го остави овој спорт и замина во автомобилизмот.