Светска и олимписка шампионка сама ќе си пресуди – потпиша за еутаназија

694

Мариек Верворт, 38-годишната параолимписка и светска шампионка во сприн по сопствена волја ќе замине во смрт. Белгијката ги потпиша документите со кои може да и се изврши еутаназија.

Верворт истакна дека оваа одлука се темели на тоа што ситуацијата и станува претешка и се повеќе е во депресија, и се намалува видот, па не сака повеќе да се мачи.

Мариек ќе го помине Божиќ во својата куќа во Брисела, а последната желба и е нејзината пепел да биде расфрлана, а од црвена кутија да пуштат бели пеперутки. Исто така на нејзината еутаназија не сака да се присутни нејзините родители.

Нејзиниот живот се променил на 16 години кога заболела од ретка болест, започнале да и откажуваат органите и завршила во инвалитска количка, но не ја губеше волјата за живот. Играше кошарка во количка, па се префарли на триатлон.

Но болеста напредуваше, па се откажа од триатлон и е префарли на атлетика. Сепак болеста продолжи да напредува, а нејзиното здравје да се влошува, не може да заспие, а лековите повеќе не делуваат. После трката на Олимписките игри во Рио истакна дека се подготвува за еутаназија.