Самрак на фаворитите: Ѓоковиќ неизвесен за Австралија Опен, Надал се врати со дебакл

1159

Неполна недела пред почетокот на првиот Гренд слем во сезоната, ситуацијата е тотално нејасна.

Новак Ѓоковиќ го затвори вчерашниот тренинг за камери поради што повторно се појавија сомнежи дека не е целосно подготвен. Ждрепката ќе се одржи в петок, а дотогаш е можно Србинот повторно да ги шокира фановите.

А, Надал веќе го стори тоа откако во првиот меч во новата година доживеа пораз од Ришар Гаске со 0-2 (4-6, 5-7). Точно е дека тоа беше егзибициски дуел, но Гаске го совлада Надал првпат во својата кариера и тоа по 15 порази во низа.

Надал претходно откажа настап на два турнири, па и за него е неизвесно дали ќе игра во Мелбурн.